Синот на Леброн се поблиску до НБА: Тој е првиот во семејството што оди на факултет

Нaјстариот син на Леброн Џејмс, на есен тргнува на колеџ на кој ќе мине една сезона пред да добие право да игра во најсилната НБА лига. Леброн директно од средно училиште замина во НБА, но оттогаш правилата се променети и младите играчи мора да одиграат најмалку една сезона во НЦАА пред да добијат право за преселба во најсилната лига во светот.

Брони Џејмс ја одбра Јужна Калифорнија, универзитетска екипа позната као УСЦ. Леброн неодамна кажа дека му е сон да заигра во НБА заедно со синот, ако не на иста, тогаш на спротивна страна, но подоцна се повеќе се споменува дека ќе бидат соиграчи.

Младиот син на Леброн, Брајс, се претпоставува дека е уште поталентиран, има уште две години средно училиште пред него, па потоа да заигра со нив. Ако сака да игра со двајцата синови, тогаш Леброн ќе мора да игра до својата 40-та година.

„Бескрајно сум горд. Тој е првиот во моето семејство што оди на факултет“, прокоментира Леброн Џејмс по обелоденувањето на одлуката на неговиот син.

Се вчитува...