Јувентус се доближи, Аталанта се оддалечи од ЛШ (ВИДЕО)

Јувентус ја совлада Аталанта во Бергамо со 0-2, и така станува јасно дека сигурно чекори кон пласман во Лигата на шампионите идната сезона, додека Аталанта со овој пораз веќе ги губи и оние мали шанси да се најде меѓу првите четири тима во Италија.

Илинг Жуниор во 56. минута беше стрелец на првиот гол за Јувентус, а во судиското надополнување Влаховиќ ги постави конечните 0-2 за голема победа на Јувентус.

Аталанта имаше свои шанси во првиот дел, а во финишот во 89. минута при 1-0 Запакоста ја погоди стативата. Тимот од Торино со овие три да го осигура настапот во европската „елита“ идната сезона.

Се вчитува...