Неверојатно: Бик влезе на терен, играчите панично бегаа (ВИДЕО)

Рагбистите на Каталанс Драгонс и Сент Хеленс присилно го прекинаа загревањето пред својот натпревар, и почнаа панично да бегаат и да скокаат преку огради меѓу гледачите, откако на теренот влезе бик и почна да трча по него.

За среќа животното брзо беше смирено и без последници е отстранет од терено, а натпреварот нормално продолжи и беше одигран.

До инцидентот дошло кога сопственикот на Драгонс, Бернард Гауш се сетил како е одлична идеја да му прошетаат три бика и две крави на теренот. Меѓутоа веројатно исплашен од многу публика, едниот од нив успеал да истрча на терен и да предизвика паника меѓу играчите. Веројатно повеќе никогаш нема да му текне ваква идеја на газдата.

Се вчитува...