Де Лаурентис: Не го пуштам Осимен по никоја цена

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, демантираше дека на крајот од сезоната Виткор Осимен ќе си замине од клубот. Иако редот на заинтересирани за првиот стрелец на „наполитанците“ е огромен, и околу него се вртат големи суми, сепак, првиот човек на новиот шампион е категоричен дека Нигериецот ќе остане дел од тимот и следната сезона.

За Осимен за интересираат Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и ПСЖ. Тој пристигна во 2020 година од Лил за 75 милиони евра, а сега цената речиси двојно.

„Не сакам под никакви околности да го продадам Осимен на крајот од сезоната. Не го пуштам да си оди од Наполи. Останува тука“, рече Де Лаурентис.

Исто така првиот човек на првакот најави дека ќе го остави и Лучијано Спалети.

Се вчитува...