По бод за Торино и Монца

Екипите на Торино и Монца одиграа 1:1 на олимпискиот стадион во Торино, на општо задоволство на сите. Ниту Торино ниту Монца не можат да се вклучат во трката за позициите кои носат во Европа, а ниту да испаднат, па така денеска одиграа реми.

Прв поведе тимот на Торино преку Санабрија кој во првата минута од вториот дел успеа да погоди. Меѓутоа на четири минути до крајот Капрари донесе израмнување и бод за Специја.

Двата тима остануваат со ист број на бодови 46 на 9 и 10 позиција, и последните натпревари за нив ќе бидат само за „билдање“ на бодовното салдо и на гол разликата.

Се вчитува...