По водството и прекрасниот гол на Чинари и предноста на Шкендија, Шкупи успеа уште по првиот дел да дојде до „егал“ и да го совлада Талески.
Адетунџи погоди во мрежата на Шкендија, откако ја искористи големата грешка на одбраната на тетовци, кои не успеаја да расчистат.
Во Струга и натаму е без голови, но неверојатно е што промашуваат играчите на Струга ТЛ. Ибраими, Мерџани, Мухарем имаа големи шанси, но не го наоѓаат патот до мрежата.
Работнички успеа да израмни на 2-2 во дуелот со Брегалница, додека Македонија ЃП зголеми во дуелот со Победа на 2-0. Академија Пандев и Тиквеш играат без голови засега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА