Селтик е новиот првак на Шкотска, откако денеска ја обезбеди новата титула, 11-та во последните 12 години, и сега ја освои својата 53-та во историјата. Со тоа стигна до два трофеи до рекордот на Глазгов Ренџерс.
Селтик во 34. коло го совладаа Хартс на гости со 2-0, и на четири кола до крајот имаат предност од 13 бодови пред најголемиот ривал Глазгов Ренџерс.
Селтик ја освои втората титула по ред, односно 11-та во последните 12 години. Нивната доминација пред две години ја прекина токму Глазгов Ренџерс. „Зелено-белите“ имаат 95 бодови, и има уште четири кола. Ако ги добие сите натпревари, ќе постави нов рекорд во шкотското првенство по број на освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

