Борусија Д. со „шестка“ му се доближи на Баерн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 6-0 ја порази екипата на Волфсбург, и така му се доближија на Баерн Минхен на чело на табелата во Бундеслигата. Згора на тоа Борусија промаши и пенал и неколку добри шанси за поубедлив триумф, а исто така и Волфсбург промаши неколку зицери за уште поефикасен меч.

Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога Адејеми, Але и Мален го „начнаа„“ гостинскиот тим. Во второто полувреме целосен „потоп“ за Волфсбург. Најпрво Белингем, па повторно Адејеми и на крајот Белингем става точка на победата.

При 5:0 Адејеми го промаши голот од пенал, а шанси имаа и Мален, Але, Адејеми, Зиле…

Борусија на најдобар можен начин се врати во игра за трофејот, со оглед дека минатото коло направи кикс кај Бохум.

Се вчитува...