По само неколку дена, Манчестер Јунајтед го доживеа и вториот пораз во Премиерлигата, со кој си го загрози местото во Лигата на шампионите идната сезона. После поразот од Брајтон со гол од пенал, Јунајтед денеска е поразен и на гостувањето кај Вест Хем со 1-0.
Бенрама во 27. минута беше стрелец на единствениот гол, а резултатот можеше да биде и поинаков, со оглед дека и двата тима имаа шанси, Вест Хем за поубедлива победа, а Јунајтед за израмнување. На Вест Хем им беа поништени два гола, а во првиот дел спасуваше и Де Хеа. Антони кај Јуинајтед имаше шанса, ама ја погоди стативата.
Сега Јунајтед има еден бод повеќе од Ливерпул на четвртата позиција, но и меч помалку од „црвените“ од Енфилд. Јунајтед не го искористи и денешниот пораз на Њукасл, за да се искачи на третото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

