Тотален хаос на аргентинското „Суперкласико“: Тепачка, тензии, седум црвени картони…! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Ривер Плата и Бока јуниорс во аргентинското „Суперкласико“ кое заврши со голема тепачка меѓу двете екипи по која судијата мораше да покаже дури седум црвени картони, плус уште и девет жолти картони.

Што се однесува околу резултатскиот дел, Ривер дојде до победата со гол од пенал дури во 93. минута, со погодокот на Мигуел Броха.

Но, потоа се беше надвор од памет. Во голема мешаница дојде до физичка пресметка меѓу фудбалерите од двете екипи, при што судијата покажа четири црвени картони уште на теренот, а потоа дополнителни три црвени картони надвор од терен откако играчите влегоа во соблекувалните…

Се вчитува...