Неверојатна ситуација: Двоен срам за Џака – се врати пресреќен на терен по прегледување на ВАР, но следеше шок… (ВИДЕО)

Цирих дојде до победа на гостувањето против Базел во швајцарскиот шампионат, но се вредно на овој натпревар се случи во судиското продолжение кое траеше 15 минути.

Два гола во мрежата на Базел во судиското продолжение, три црвени картони за играчите на домашниот тим, но и еден црвен картон за резервистот на Цирих.

Вистинскиот хасот настана по вториот гол на Цирих. Најпрво во 97. минута Бургер доби црвен картон кај Базел, а нему после пет минути му се приклучи и искусниот Талант Џака. Но, начинот на кој Џака доби црвен картон е главна тема во фудбалска Швајцарија.

Џака имаше жолт картон, а потоа со глава во гради го удри Никола Катиќ поради што судијата му покажа втор жолт картон, и исклучување.

Кога Џака веќе беше во соблекувалната главниот судија се одлучи да го консултира ВАР-системот и на изненадување на сите го повика Џака да се врати. Тогаш се чинеше дека ќе ја поништи одлуката. Џака беше пресреќен мислејќи дека го продолжува мечот, но следеше шок за него и уште еден срам по срамниот потег кога го удри противничкиот хрватски интернационалец. По прегледувањето на снимката, главниот судија му покажа директен црвен картон (место втор жолт) и повторно го испрати надвор од терен.

Но, факт е дека потегот на Џака и заслужи директен црвен картон…

Се вчитува...