Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра фантастичен меч за Денвер во поразот кај Феникс во четвртиот меч од полуфиналето на Западот во НБА лигата. Феникс, на тој начин, израмни во серијата на 2-2, а Јокиќ не успеа да го спаси својот тим и покрај феноменалната партија во која постигна 53 поени поставувајќи и личен рекорд, дополнет и со 11 асистенции.
Но, мечот го одбележа и помал инцидент меѓу Јокиќ и сопственикот на Феникс, Мат Ишбиа кој не сакаше да му ја даде топката на српскиот центар откако излезе од игра, а Јокиќ го оттурна со лакто.
Факт е дека сопственикот на Феникс малку го пренагласи конфликтот, но доволно Јокиќ да добие техничка. Таа ситуација ја коментираше и легендарниот Меџик Џонсон.
„Јокиќ, уживав во твојот настап, но не го ценам баш тоа што му го направи на мојот колега и сопственик на Феникс“ – напиша Џонсон на Твитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

