Фудбалер одби да влезе во игра, го напушти стадионот и од тогаш 20 дена му се губи трага и глас

Египетскиот клуб Енпи соопшти дека нивниот крилен фудбалер од Буркина Фасо, Ерик Траоре исчезнал откако го напуштил стадионот за време на натпреварот со Асуана на 18. април откако одбил да влезе во игра во финишот на мечот.

26-годишниот фудбалер кој бил во Енпи на позајмица од Пирамидс, се налутил за време на мечот и не сакајќи да влезе во игра како доцна замена си заминал од стадионот. Веднаш го исклучил телефонот откако го напуштил стадионот во Каиро и од тогаш нема од него ниту трага ни глас. За него информации немаат ниту неговата сопруга ниту агентот.

Клубот кој е воден од државна нафтена компанија, соопшти дека го информирал Египетскиот фудбалски сојуз дека Траоре исчезнал

„Само се надеваме дека е добро, и дека ако само е лут и се крие посакуваме да дојде и да разговараме за формалностите“ – порачаа од клубот.

Се вчитува...