Легендарен УФЦ-борец пијан предизвика тежок инцидент, во судир и со полицијата одбивајќи апсење (ВИДЕО)

Легендарниот УФЦ-борец, Тони Фергусон е уапсен поради управување на својот теренец во пијана состојба притоа предизвикувајќи тежок сообраќаен инцидент удирајќи се во два паркирани автомобили пред ноќен клуб во САД.

По доаѓањето на полицијата, Фергусон се спротиставувал одбивајќи алкотест, а одбивал и приведување поради што полицајците мораа присилно да го уапсат.

Фергусон и во минатото имал проблеми со полицијата, најчесто поради возење во пијана состојба.

Се вчитува...