Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, како и поранешниот младински репрезентативец Димитар Митровски се избрани во Тимот на колото во хрватскиот шампионат.
Ристовски изминатиов викенд го одигра својот 100-ти натпревар за Динамо Загреб, а веќе две натпреварувачки рунди по ред е избран во идеалниот тим на колото во Хрватска.
Во тимот на оваа рунда натпревари се најде и Миторвски, кој беше стрелец во победата на Вараждин на гостински терен против Шибеник од 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА