Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е дел од историската генерација на Наполи која по 33 години чекање за градот успеа да ја донесе шампионската титула во Италија.
Токму поради тоа огромна благодарност до фудбалерите на Наполи сега испрати и Универзитетот во Неапол, и тоа на повеќе од специфичен начин. Секој фудбалер ја доби честитката на својот мајчин јазик, па така во видеото го има и македонскиот јазик, во чест на македонскиот „дијамант“.
„Почитуван Елиф Елмас, Ви благодариме во името на нашата академска заедница за радоста што му ја донесовте на нашиот град и на неговите луѓе“ – гласи пораката до Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА