Филам стави крај на низата од три порази едно по друго во Премиерлигата откако во 35. коло славеше со 5-3 над Лестер во голеадата на „Крејвен Котиџ“.
Истата започна во 10. минута кога мрежата ја затресе Вилијан, а продолжи преку Карлос Винисиус и Керни до полувремето за 3-0 за Фулам. Керни во 51. минута донесе 4-0, а откако Барнс намали на 4-1, Варди промаши пенал кој можеше да ја преполови негативата.
Казната стигна на спротивната страна од Вилијан кој го постигна својот втор гол во 70. минута за 5-1, а до крајот на натпреварот Мадисон и Барнес успеаја да го ублажат поразот.
Со 48 освоен бод во сезоната Фулам останува на средината на табелата, додека по новиот неуспех Лестер продолжува за стравува од релегација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

