Тони Атанасов ќе ја предводи Академија Пандев до крајот на сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија. Атанасов доаѓа на местото на Александар Васоски кој си поднесе отставка по убедливиот пораз од 4-1 против Тиквеш.
Покрај Васоски од тимот заминува и првиот асистент Раденко Бојовиќ, потврди клубот од Струмица.
До крајот на сезонта на струмичани им остануваат уште натпреварите против Брегалница и Силекс во кои ќе чуваат предност од четири поени пред десеттопласираниот Скопје кој е на местото кое води во бараж доиграување за настап во „елитниот“ фудбал и во сезоната која следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА