Цимерот на Алвеш открива: Понекогаш е многу тажно да го гледаш, затворениците постојано го задеваат

Дани Алвеш веќе три месеци се наоѓа во затвор каде го чека судењето за оптужба за силување во ноќен клуб во Барселона. Бразилецот тврди дека не е виновен, но не добива можност да се брани од слобода поради големата можност за бегство во Јужна Америка.

Легендарниот фудбалер на Барселона на кој му се заканува казна затвор од 12 години не се наоѓа во добра состојба. Последен кој говореше за него е неговиот цимер кој открива детали од неговиот престој во затворот.

„Дани е се послаб. На моменти е тажно да го гледаш. Избегнува дружби бидејќи другите затвореници го навредуваат, го нарекуваат педер и силувач. Најчесто седи во дневната соба и гледа телевизија. Понекогаш има привилегии, но не за храна. Го јаде истото што го добиваме и ние. Што е до оптужбата, тврди дека е наместен и дека ќе биде ослободен“, вели цимерот на Алвеш за „Фиеста“.

Се вчитува...