Добри вести за навивачите на Реал Мадрид пред полуфиналето против Манчестер Сити

Реал Мадрид и Манчестер Сити утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе си ги одмерат силите во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите. А, на денешната пресконференција за медиуми тренерот Карло Анчелтои донесе и добри вести за фановите на мадридскиот клуб.

Имено, за средбата со „граѓаните“ италијанскиот стратег ќе го има на располагање Лука Модриќ кој беше неизвесен за дуелот по претрпеана повреда.

„Модриќ може да настапи без проблем и ќе игра“, изјави Анчелоти.

Анчелоти говореше и за Ерлинг Халанд, голгетерот кој неодамна постави нов рекорд по бројот на постигнати голови во Премиерлигата. Сепак искусниот стратег вели дека во таков тим не може да се издвои само еден играч, туку треба да се запре целиот тим.

„Тој е многу опасен, но не е единствен. Целиот тим игра одлично. Мораме да го запреме целиот тим кој се чини дека е незапирлив. Важни се мотивацијата и ентузијазмот. Освојувањето на Купот на Кралот доби ни дојде во тој поглед“, додаде Италијанецот.

Се вчитува...