Ериксен и 22 други дански спортисти „олеснија“ обложувалница за 630 илјади евра

Онлајн обложувалницата „Бет365“ ќе мора да плати компензација на 23 дански спортисти меѓу кои е и Кристијан Ериксен во сума од 630 илјади евра поради неовластено користење на имиња и фотографии на социјалните мрежи, пресуди судот во Копенхаген.

Ериксен е спортистот кој ќе добие најголема обесштета од околку 195 илјади евра, а по него следат фудбалерите Симон Кјер и Каспер Шмајхел и олимпискиот шампион во бадминтон Виктор Акселер.

Адвокатите на обложувалницата се бранеа со ставот дека имињата и фотографиите на спортистите се користени како поддршка на главната содржина, но судот пресуди дека станува збор за маркетинг кој довел до заработка.

Се вчитува...