Берара Холдинг го потврди купувањето на Академија Пандев

Италијанската холдинг компанија „Брера“ денеска и официјално го потврди купувањето на македонскиот прволигаш Академија Пандев со 90 отсто во акциите во вредност од нешто повеќе од 600 илјади евра. Струмичкиот клуб со тоа влегува во нова ера, ќе претрпи промена на името во бреднот и во иднина ќе цели кон излез во европските натпреварувања.

Како потсетување, Горан Пандев во 2010 година ја основаше Академија, прво како младинска школа, а потоа и со сениорски тим, кој во 2019 година го освои Купот на Македонија.

Задоволството од новата аквизиција не го криеја ниту раководните лица на Брера.

„Ова е пример како Брера Холдинг ја имплементира својата меѓународна стратегија за истровремено да продолжи со пропширување и лиценцирање на брендот Брера во источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера имаме намера да ги подобриме перформансите на тимот и идеално да се подготват фудбалерите за трансфер-пазарот, а да се земат и наградите од УЕФА за учество во европските купови“, изјави првиот човек на Брера, Серџо Скалпели.

„Презадоволни сме што ќе продолжиме да соработуваме со Горан Пандев и клубот кој тој го формираше во 2010 година и тоа што ќе ја донесеме Брера во Македонија. Веруваме дека прволигашките клубови во помалите држави новат помал оперативен трошок со голема заштеда на ресурси кои во спротивно се потребни за придобивање на големите финансиски награди“, вели Алесандро Алеоти, шефот на стратегија на Брера Холдинг и основачот на Береа ФЦ во Милано.

Се вчитува...