Лејкерс на чекор да го елиминира шампионот, Мајами сигурен со Њујорк (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс е пред елиминација откако има негатива од 3-1 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс.

Тимот од градот на „ангелите“ и во четвртитот натпревар во трилер завршница успеа да стигне до триумф од 104-101. Леброн Џејмс со 27 поени и Ентони Дејвис со 23 поени ги предводеа „езерџиите“ до победата, додека кај Вориорс недоволен беше трипл-дабл учинокот на Стеф Кари (31п. 14а. и 10с.).

До водство од 3-1 во серијата стигна и Мајами Хит во полуфиналето во Источната серија против Њујорк Никс. „Жешките“ во мечот број четири славеа со 109-101. Џими Батлер со 27 поени повторно беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа 32 поена на Џејлен Брансон.

Се вчитува...