Кристијано Роналдо нема премногу причини за задоволство по вчерашното реми на неговиот Ал-Нас против Ал-Калеја (1-1). Неговиот Ал Наср освои само бод и заостана зад Ал Итихад во трката за титулата во Саудиска Арабија.
Португалецот не блескаше на теренот, но направи доволно во текот на кариерата за да биде следен иако веќе не е на истото ниво како порано.
Противничките фудбалери многу сакаа да го добијат дресот на Кристијано, но и фотографија за спомен. Тие го опколија Роналдо, кој не беше премногу среќен што му се случуваат вакви работи по лош натпревар.
Еден член од стручниот штаб на Ал Калеја беше особено упорен. Го подаде телефонот и го прегрна Роналдо, а потоа напаѓачот на Ал Наср ги загуби нервите и го оттурна.
لاعبو الخليج والطاقم الفني مع رونالدو بعد نهاية المواجهة#النصر_الخليج | #SSC pic.twitter.com/pNKavYReqU
— شركة الرياضة السعودية SSC (@ssc_sports) May 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

