Гвардиола: Реал Мадрид е најдобриот клуб на сите времиња

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва на домашен терен ќе го пречека Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола пред денешниот меч вели дека доколку сакаш да ја освоиш Лигата на шампионите мора да го победиш Реал Мадрид.

„За да ја освоите Лигата на шампионите, треба да го победите Реал Мадрид бидејќи тие се убедливо најдобриот тим во ова натпреварување. Неодамна ги гледав видеата од двата натпревари од минатата сезона и мислам дека бевме одлични со нив. Не победивме и затоа сме денеска повторно тука, да го направиме тоа“, изјави Гвардиола. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ е закажан за во 21 часот.

Се вчитува...