Јувентус го сака отфрлениот Мејсон Гринвуд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој не играше од февруари 2022 година поради суспензија, се обидува да се врати на теренот.

Мали се шансите кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“, но ако ништо друго, Јувентус му понудил да го доведе на позајмица.

Јунајтед продолжува да го држи под суспензија бидејќи истрагата на клубот за инцидентот во јануари 2022 година не е завршена. Тогаш Гринвуд беше уапсен под обвинение дека се обидел да ја силува својата девојка.

Во меѓувреме, на почетокот на годината судскиот процес заврши поради недостиг на докази, но Гринвуд се уште не тренира со соиграчите.

Исто така, се верува дека за опцијата за позајмица се заинтересирани Милан и Рома, како и неколку клубови од Турција.

Се вчитува...