Пресврт: Сопругата не го пушта Меси во Саудиска Арабија

Лионел Меси сериозно ја разгледува опцијата за потпис со Ал Хилал со што Аргентинецот ќе го мине Кристијано Роналдо на листата на најплатени фудбалери на сите времиња. Ал Хилал му понуди на Меси неверојатни 600 милиони евра за двогодишен договор, но шансите овој мегатрансфер да се реализира сериозно се намалија откако неговата сопруга Антонела јасно ставила до знаење дека нема намера со децата да се сели во Саудиска Арабија.

Целото семејство на Меси минатата седмица беше во посета на Саудиска Арабија, уживајќи во луксузот што го овозможија домаќините. Сепак, Антонела не била премногу импресионирана, верувајќи дека со своето семејство може да има поубав живот во Европа или во САД. Таа својот став веќе му го пренела и на фудбалерот на ПСЖ, кој сега од семејни причини не ја зема во предвид огромната понуда на Ал Хилал.

Желбата на Антонела е јасна – враќање назад во Барселона каде Меси важи за вистинско божество, а семејството исто така е целосно адаптирано на стилот на живот во палатата што Лео ја купи и реновираше пред десетина години. Камбек на „Камп Ноу“ е желба и на самиот Аргентинец, но останува да се вди дали управата на Барса ќе обезбеди доволно простор во буџетот за да може да го регистрира неговиот договор, за Меси да добие зелено светло за повторно да го облече дресот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...