Вардар денеска го пречекува Пелистер во рамките од Втората фудбалска лига, а МВР во пресрет на овој дуел објави дека има забрана за гостински навивачи, не дозволувајќи битолчани да допатуваат во Скопје и да ги бодрат своите миленици.
Ваквата одлука ги налути навивачите на Вардар, популарните „Комити“, кои преку соопштение на официјалната фејсбук страница објавија дека не го признаваат ставот на МВР, јавно повикувајќи го „Чкембари“ да дојдат во Скопје.
„Одлуката која МВР ја наметна, со цел забрана за гостински навивачи, за денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, не ја признаваме! Упатуваме апел до навивачката група “Чкембари Битола”, денес да дојдат на стадионот во Маџари. Ние сме гаранција дека безбедно ќе влезете и ќе го напуштите стадионот. Борбата за достоинството на навивачот е наша заедничка и примарна борба. Ве очекуваме! НЕ ЗА ФУДБАЛ БЕЗ НАВИВАЧИ“, се вели во соопштението на Комити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА