Статистика Анчелоти против Гвардиола: Осум средби, ниту едно реми

Карло Анчелоти вечерва ќе го пречека Пеп Гвардиола до нов дуел на два генијални фудбалски ума, тренери кои дефинитивно го одбележаа европскиот фудбал во последните петнаесетина години. Она што е интересно, ниту еден од досегашните осум дуели меѓу Анчелоти и Гвардиола не завршил без победник, три пати се радувал Италијанецот, пет пати каталонскиот стратег, но мора да се истакне дека најзначајните натпревари завршија со радост на Анчелоти.

Имено, Анчелоти и Гвардиола досега играле четири средби во ЛШ, при што поискусниот италијански стручњак излезе како победник, најпрвин додека Гвардиола беше во Баерн Минхен во сезоната 2013/2014, а потоа и ланската сезона, кога Сити имаше победа на домашен терен, но Реал со фуриозен финиш во Мадрид стигна до победа и пласман во големото финале.

Останатите четири победи Гвардиола ги има додека Анчелоти седеше на клупата на Евертон, притоа неговиот тим постигна дури 12 погодоци, наспроти само два примени.

Вечерва пред нас е нов фудбалски спектакл, а останува да се види каков рецепт ќе избере Анчелоти за да го неутрализира Ерлинг Халанд.

Се вчитува...