Никола Јокиќ не успеа да ја освои третата последователна МВП наградата на НБА лигата. Српскиот интернационалец како главни противници за истата ги имаше Џоел Ембид и Јанис Адетокумпо, а на крајот по изборот на медиумите во САД истата заврши во рацете на камерунскиот центар на Филаделфија.
Со изборот не се сложува легендарниот шпански кошаркар со долгогодишно искуство во НБА лигата, Пау Гасол. Поранешниот кошаркар на Лејкерс вели дека за изборот морал да пресуди факторот – прво место и наградата да замине во рацете на Јокиќ.
„Дебатата за која треба да биде МВП оваа година беше различна од претходните години бидејќи Јокиќ освои две по ред. Јанис пред тоа беше МВП два пати и остана само Џоел Ембид кој навистина играше на врвно ниво и беше кандидат за наградата. На крајот и ја освои, но мислам дека изборот беше погрешен. Мораше тоа да биде Јокиќ. Неговиот тим е најдобар на Западот, тој игра на врвно ниво, дури и подобро од претходните сезони. Ако ме прашувате мене МВП наградата треба да му припадне на кошаркар чиј тим е на првото место. Филаделфија беше на третото место што е добра позиција, но не беа први“, вели Гасол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

