Избраниците на Драган Начевски подобри од Малта на тестот во Скопје

Пионерската репрезентација на Македонија за фудбалери до 14 години славеше со 1-0 против соодветната селекција на Малта на пријателскиот натпревар кој се одигра на Тренинг центарот на ФФМ во Скопје.

Македонија беше подобар тим на теренот во текот на целиот натпревар, а победничкиот гол го постигна Ердин Мамути во второто полувреме.

Избраниците на Драган Начевски ќе одиграат за два дена уште еден контролен дуел со Малта. Натпреварот е закажа за в четврток од 14 часот, исто така на тренинг-центарот на ФФМ.

Се вчитува...