ВТОРА ЛИГА: Гостивар официјално нов прволигаш, Вардар осигура бараж за елитата!

Гостивар, по Воска спорт, е втората екипа која обезбеди прволигашки статус во следната сезона во македонскиот фудбал.

Гостиварци со убедливата победа од 4-0 против Борец во 29. коло од Втората македонска фудбалска лига, и дефинитивно, на едно коло до крајот, го обезбедија второто место на табелата кое носи во Првата лига следната сезона.

Вардар, пак, со ремито (1-1) против Пелистер на мечот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, ја обезбеди третата позиција која носи во баражот за влез во Првата лига. Бараж дуелот на „вардарци“ најверојатно ќе биде против екипата на Скопје.

Вардар поведе со голот на Десниќ во 41. минута, а Борче Маневски во 54. минута од пенал успеа да израмни на 1-1. Но, „пелистерци“ до крајот не успеаја да дојдат до пресврт и до останување во последното коло во битката за третото место и евентуален бараж.

Во последното коло интересно ќе биде во битката за опстанок. Тетекс и Каменица Саса, по денешните победи, ќе одлучуваат за избегнување на 14. место на табелата и преселба во понизок ранг на натпреварување.

РЕЗУЛТАТИ – 29. КОЛО
Вардар – Пелистер 1-1
Гостивар – Борец 4-0
Воска спорт – Детонит Плачковица 5-3
Беласица – Арсими 0-1
Беса – Караорман 1-0
Слога Виница – Охрид 2-0
Каменица Саса – Локомотива Скопје 2-1
Тетекс – Кожуф 4-2

Се вчитува...