Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е најзаслужениот за триумфот на неговата Ал Феиха од 3-0 против Ал Фатех во 26. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.
Трајковски партиципираше со гол и асистенција во победата на својот тим, но дефинитивно за издвојување е погодокот во 95. минута од средбата за конечни 3-0 на мечот.
Македонскиот фудбалер на извонреден начин, погледнувајќи дека противничкиот голман е истрчан далеку напред пред својот гол, феноменално го лобуваше од околу 40 метри…
هدف الفيحاء الثالث سجله الكسندر ترايكوفسكي ⚽pic.twitter.com/MvNtIoJfgV
— فاضل (@1091Bafe) May 9, 2023
Претходно, пак, во последната минута од првото полувреме, со беспрекорна асистенција Трајковски го послужи и Шпанецот Виктор Руиз кој, пак, постигна одличен погодок со пета.
Александар Трајковски, кој го одигра целиот денешен натпревар за Ал Феиха, досега во шампионатот на Саудиска Арабија има три постигнати погодоци и четири асистенции.
شاهد هدف #الفيحاء الثاني في مرمى #الفتح بتوقيع فيكتور رويز
— نادي الفيحاء السعودي (@Alfaihaclub) May 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

