Левандовски: Навивам за Баерн да ја освои титулата

Роберт Левандовски, играчот кој што настапуваше за двата најголеми германски клуба Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, кажа дека навива за „Баварците“ да дојдат до титулата.

Полјакот, кој се афирмираше во Борусија, пред да направи шокантен трансфер во Баерн Минхен и тоа без обесштетување, со оваа изјава ги разочара навивачите на „милионерите“.

„Многу луѓе во Европа велат дека подобро за Бундеслигата е доколку Борусија Дортмунд ја освои титулата. Но, јас сум секогаш за Баерн и стискам палци за момците да ја освојат титулата и да покажат дека се најдобри. Во секој случај остануваат уште три возбудливи кола“, изјави Левандовски.

Се вчитува...