Францускиот прволигаш Нант остана без тренер, откако клубот се реши да го отпушти Антоан Комбоаре од кормилото на овој тим. Екипата имаше одлична сезона лани, но оваа во Франција беше катастрофална, со што следуваше смена.
Тимот не знае за победа на 11 меча и се најде на 17. место на табелата со 32 бода во 34 меча. Нант го загуби и Купот на Франција откако во финалето беше поразен со 5:1. Клубот играше во Лигата на Европа, и стигна до 1/16 финалето каде беше елиминиран од Јувентус.
Минатата сезона Нант го освои Купот и заврши на деветата позиција, но во оваа работите не одат во посакуван правец. Комбоаре дојде во клубот во февруари 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА