Манчестер Сити во 68. минута успеа да дојде до израмнување во дуелот со Реал Мадрид во првото полуфинале во ЛШ. Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне со одличен удар од 22-23 метри со надворешниот дел од копачката, ја смести топката во мрежата на својот сонародник Куртоа за 1-1.
Претходно Реал Мадрид поведе со голот на Винисиус, и тоа низ целосна доминација на англискиот тим. Во вториот дел доминацијата не беше толку изразена, но на крајот избраниците на Гвардиола стигнаа до израмнување.
Се очекуваат интересни 20 минути во кои и двата тима ќе се обидат да дојдат до победата и да се доближат до финалето во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

