Скандал на „Бернабе“: Таткото на Халанд пијан провоцираше, па исфрлен од ложата

Алф-Инге Халанд, таткото на фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд беше во ложата на стадионот „Сантијаго Бернабе“, се додека не беше исфрлен од истата поради своето недолично однесување.

Ситуацијата ескалираше на почетокот на вториот дел кога ги провоцираше навивачите на Реал Мадрид, а потоа со кикирики фрлаше по нив. Во негово друштво се најдоа уште неколку лица, сите во алкохолизирана состојба и жестоко се расправаа со навивачите.

Во миговите кога беше изнесуван од стадионот, продолжуваше да се пресметува со навивачите. Додека го исфрлаа, одредени навивачи на Реал му дофрлаа погрдни зборови.

Се вчитува...