Многу работи во македонската фудбалска прва лига се веќе познати. Струга ТЛ веќе ја прослави историската прва титула, Победа следнат сезона се сели во второлигашката конкуренција. Бараж најверојатно ќе игра тимот на Скопје, но „пиратите“ мамематички може да стигнат до директен опстанок, но се ќе зависи од Академија Пандев, која денеска во Струмица ќе треба да го завери опстанокот.
Кај „Пандевци“ пред неколку дена се случи тренерска смена, па денеска екипата ќе ја води Тони Атанасов, кој ќе го замени Александар Васоски кој поднесе оставка по поразот од Тиквеш. Токму кавадарчани на свој терен го дочекуваат тимот на Скопје.
Остана и битката за втората позиција за која се борат Шкупи и Шкендија. Во моментов Шкупи е во подобра позиција, затоа што го совлада тимот на Шкендија во директен дуел, а денеска игра против Македонија ЃП, која, пак, го чека финалето на Купот. Шкендија на свој терен го дочекува тимот на Струга ТЛ, новиот првак на Македонија и ќе му ја честита титулата.
Силекс и Работнички ќе играат меч во кој кратовци ќе треба да стават печат на четвртото место, кое на крајот може да им донесе пласман во Лигата на Конференции (во случај Струга ТЛ да го освои Купот).
„Сакам да им ја честитам титулата на Струга ТЛ. Мислам дека заслужено ја освоија, затоа што најмногу беа на првото место на табелата“, рече Ќатип Османи, тренерот на Шкендија по мечот со Шкупи.
„Ова е историски момент за нас. Да бидам искрен после ова нема да биде ништо исто во оваа екипа. Овој тим е уникат, формиран пред осум години со три години во Првата лига и стана шампион пред силни тимови како Шкендија и Шкупи кои имаат многу поголеми буџети од нашата екипа. Имаме шанса за уште еден трофеј, а тоа е Купот на Македонија“, вели Шпетим Дуро, предводникот на Струга ТЛ.
ПМФЛ, 32. КОЛО
ДЕНЕСКА, 17:00 ЧАСОТ
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
СКОПЈЕ, ЧАИР: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
КРАТОВО: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ
ПОБЕДА СЛОБОДНА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

