Панчев: Очекувам тешка борба меѓу Интер и Милан, трофејот во ЛШ ќе го освои Манчестер Сити

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, даде свое видување за натпреварите во Лигата на шампионите. Вечерва мала предност му дава на Интер, поради фактот, како што кажа, дека е во моментална подобра форма од Милан и поради тоа што во таборот на „росонерите“ ќе го нема Рафаел Леао.

Панчев кажа дека и Манчестер Сити ќе го освои трофејот во Лигата на шампионите, нешто кое го кажал пред два месеци. Додава дека парите во денешниот фудбал играат главна улога.

„Милан е домаќин, но играат на ист стадион па не гледаме некаква предност. Голема работа е што два италијански тима стигнаа до полуфинале. На тоа никој не се надеваше на почетокот на сезоната. Интер е во добра форма, Милан е малку во пад, а на сето тоа се повреди и Леао. Ако не игра, тогаш предноста е на страната на Интер. На вакви мечеви еден момент е одлучувачки. Не мора ниту формата да игра голема улога. Верувам дека двата тима ќе се борат до крајот на двата натпревари. Што се однесува до освојувачот, веќе два месеци кажав дека оваа сезона Манчестер Сити ќе го освои трофејот. И натаму така ми делува, затоа што парите во фудбалот играат главна улога. Тешко кој од италијанските тимови ќе им се спротистави“, рече Панчев за српски „Информер“.

Се вчитува...