Грилиш не му дава шанса на Реал: Никој нема да нѐ сопре на наш терен

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа 1-1 во првиот натпревар против Реал во Мадрид. Тоа им ги зголемува шансите на домашен терен, и секоја победа ги носи во финале и можност да се борат за големиот пехар.

Фудбалерот на „граѓаните“ Џек Грилиш е полн со самодоверба дека на реваншот Сити може да го добие мечот со Реал и да обезбеди пласман во финале.

„Многу научивме од натпреварите со Реал Мадрид минатата година. Сега и нашиот тим е поинаков. Помина една година, имаме совршен баланс меѓу младите играчи и искусните. Никогаш не сум се чувствувал така самоуверено кога ќе излезам на терен. Тоа е поради играчите кои се околу мене. Така што на домашен терен на „Етихад“ никој нема да може да не сопре“, рече Грилиш.

Англискиот репрезентативец смета дека резултатот од Мадрид е поволен.

„Дојдовме во Мадрид да победиме. Не успеавме, но покажавме карактер, затоа што имавме негатива. На крајот сметам дека нерешеното е најреален резултат“, смета Грилиш.

Се вчитува...