Првиот човек на Абердин: „Не го продаваме Миовски, во иднина ќе ни донесе многу повеќе пари од излез во Европа!“

Првиот човек на шкотски Абердин, Дејв Кормак вели дека никој во клубот воопшто не планира да го продаде македонскиот репрезентативец Бојан Миовски после само една година откако пристигна во клубот.

Според Кормак, приоритет на Абердин е долга европска есен од која клубот може да заработи повеќе пари од трансферот на Миовски потоа.

Не е никаква тајна дека интерес за македонскиот напаѓач изминатава година пројавија италијанските Лацио и Болоња, но и англискиот премиерлигаш Саутемптон. Сепак, Кормак вели дека клубот ќе остане цврсто против продажбата затоа што цената на Миовски ќе биде многу повисоко по европските настапи на клубот.

„Немаме воопшто никаков притисок дека мора да го продадеме Миовски ова лето. Знам дека сите зборуваат за Миовски и за Дјук, но зошто би ги продавале ако сакаме добар настап во Европа? Зошто би ги продавале кога од настапите во Европа може да заработиме и повеќе од трансферите? Некои велат дека ќе ни биде тешко да одбиеме некои понуди, но нас приоритет ни е задржување на тимот затоа што сакаме освојување трофеи, битка за успешен настап“ – вели Кормак.

Абердин, на четири кола до крајот на шампионот во Шкотска, е на третата позиција зад Селтик и Глазгов Ренџерс. Со победа над Хибернијанс престојниов викенд ќе го заверат својот европски излез следната сезона.

Се вчитува...