Ерлинг Халанд не се наигра премногу во полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити кое заврши без победник (1-1) на „Сантијаго Бернабеу“. Норвешкиот центарфор тотално беше отсечен од остатокот на својот тим, секогаш со двајца домашни фудбалери како своја сенка.
Најчесто покрај него беше Антонио Рудигер, кој не бираше начин да го запре во играта. Искусниот дефанзивец на Реал ги користеше сите начини да го спречи, посебно кога нив двајца не беа во центарот на вниманието.
Камерите, сепак, успеаја да „уловат“ детаљ во кој Рудигер со необични методи се обидува да го испровоцира Халанд.
Rüdiger vs Haaland. 😭 pic.twitter.com/aO8iWmzrme
— TC (@totalcristiano) May 10, 2023
Халанд сезонава во 47 меча постигна 51 гол во сите натпреварувања. Во Лигата на шампионите му е потребен само еден гол за да го сруши рекордот на Руд Ван Нистелрој по бројот на голови за еден премиерлигашки клуб во една сезона од Лигата на шампионите. Шест гола му се потребни да го сруши рекордот на Кристијано Роналдо како најдобар стрелец во една сезона во најсилното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА