Никола Јокиќ со нов „трипл-дабл“ синоќа го поведе Денвер кон победа над Феникс.
Но, покрај извонредната партија, синоќа се издвои и по навистина прекрасниот гест за помирување со сопственикот на Феникс, Мет Ишбија.
Јокиќ пред натпреварот му пријде на сопственикот на Феникс враќајќи му ја кошаркарска топка која на претходниот меч сакаше да му ја отргне, а Ишбија сето тоа секако одлично го прифати за помирување.
„Немам апсолутно ништо против него, би го направил истото да беше и било кој друг од Феникс. Едноставно, јас сакав брзо да ја внесам топката во игра и да стекнеме предност. Сакав само да се пошегувам со овој потег денеска со враќање на топката во негови раце. Се надевав и дека ќе ми ја плати казната, но не се случи тоа“ – низ шега коментираше Јокиќ по мечот.
А инцидентот се случи во четвртиот меч во серијата, кога Јокиќ го оттурна во обид да ја врати топката, која одлета во публика, а Ишбија падна на столчето. Поради тоа Србинот доби казна од 25.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

