Ракометната репрезентација на Македонија се најде во најтешката група А на претстојниот ракометен европски шампионат, откако ждрепката им го сврте грбот на селекторот Лазаров и неговите избраници. Повеќекратниот европски првак Франција е носител во оваа група, во која уште се наоѓа и домаќинот Германија, две селекции кои ќе бидат апсолутни фаворити за првите две места кои ќе водат во главната фаза од шампионатот.
Групата А ќе се игра во Берлин, а покрај Македонија, Франција и Германија, од последниот шешир како дел од оваа група беше избрана Швајцарија. Според првичниот распоред, Македонија во првото коло на 10 јануари ќе се сретне со Франција, додека Германија во единствениот меч што ќе се игра во Дизелдорф ќе ја пречека Швајцарија, дуел со кој и официјално ќе стартува овој европски шампионат.
Европското Првенство во Германија ќе се одржи од 10 до 28 јануари.
ГРУПА А: Франција, Германија, МАКЕДОНИЈА, Швајцарија.
ГРУПА Б: Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија.
ГРУПА Ц: Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора.
ГРУПА Д: Норвешка, Словенија, Полска, Ф. Острови.
ГРУПА Е: Шведска, Холандија, БиХ, Грузија.
ГРУПА Ф: Данска, Португалија, Чешка, Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА