СОСТАВИ: Милан без Леао, Инзаги го остави Брозовиќ на клупата

Рафаел Леао ја загуби трката со времето, па португалскиот репрезентативец нема да може да настапи за Милан на денешниот натпревар против Интер во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Крилниот офанзивец се повреди на последното дерби со Лацио, лекарите се обидоа да го оспособат за настап, но Леао не го мина последниот тест, па од трибините ќе го следи дуелот со „нероаѕурите“.

На спротивната страна, Интер ќе настапи со своите најсилни единаесетмина, а Инзаги изненади со одлуката да го остави на клупата за резерви Марсело Брозовиќ, наместо него давајќи му предност на Мхитаријан.

МИЛАН: Мењан, Калабрија, Хернандез, Томори, Кјаер, Тонали, Круниќ, Бенасер, Дијаз, Салемакера, Жиру.

ИНТЕР: Онана, Дамфрис, Димарко, Ачерби, Дармијан, Бастони, Чалханоглу, Барела, Мхитаријан, Лаутаро Мартинез, Џеко.

Се вчитува...