Македонскиот фудбалски клуб Шкупи после денешната победа од 3-0 против Македонија ЃП се збогува од својот играч од средниот ред, Костариканецот Фреди Алварез.
Алварез денеска го имаше „последниот танц“ на Чаир на својот јубилеен 100. меч, а Костариканецот кој беше еден од најважните играчи во ланската шампионска титула, прва по 20 години која дојде на Чаир, остави силен белег со 20 гола и 51 асистенција.
„Ти благодариме Фреди. Вратата на Чаир секогаш ќе ти биде отворена“, објавија чаирчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

