ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Интер со лекција по фудбал за Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер имаат водство од 0-2 на полувреме во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч против градскиот ривал Милан во Лигата на шампионите.

Гостите за само единаесет минути стигнаа до водство од 0-2 со погодоците на Един Џеко во 8. и Хенрик Мкхтаријан во 11. минута.

До крајот на првото полувреме главниот судија Манзано досуди пенал за Интер, но по консултација со ВАР тој беше поништен.

Се вчитува...