Кевин Пантер не го криеше разочарувањето по поразот на Партизан во мајсторката со Реал Мадрид, дуел на кој АБА-лигашот прокоцка дури 18 поени предност и не успеа да се пласира на фајналфор турнирот во Каунас.
Американецот беше херој на првиот меч со погодената тројка во финишот, но потоа се претвори во трагичар откако по неговата тепачка на вториот меч и суспензијата од два натпревари што ја доби дојде до голем пресврт во серијата, за Реал негативата од 0-2 да ја претвори во конечни 3-2 во пбоеди.
„Да бидам искрен, немам сили да размислувам што се случи… ова беше тешка серија. Дефинитивно, тепачката промени се. Реал Мадрид е искусен тим, не успеавме да ги запреме, тоа е тоа“, изјави Пантер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА