Најверните навивачи на ПСЖ ќе ги бојкотираат натпреварите

Најверните навивачи на ПСЖ влегуваат во бојкот и нема да присуствуваат на натпреварите на фудбалскиот и ракометниот клуб, информираат француските медиуми.

Бојкотот доаѓа по состанок со раководството на клубот каде го изразиле нивното незадоволство од турболентната сезона и недоразбирањата со ѕвездите на тимот. Како потсетување тие неодмана протестираа пред куќата на Нејмар, а со свирежи го испратија и Лео Меси.

„Моменталната состојба со раководството на клубот не доведе во ситуација да веруваме дека оваа е најдоброто и единственото решение за да ја зачуваме заедничната иднина“, информирале од навивачката група.

Се вчитува...