По две години Франција ќе игра на „Паркот на принцовите“

Француската фудбалска репрезентација ќе биде домаќин на Република Ирска на 7. септември на „Паркот на принцовите“ во квалификациите за Евро 2024 година.

Само еден натпревар на француската фудбалска репрезентација е планиран за следната сезона на „Стад де Франс“, нивниот вообичаен дом во Сен Дени кој може да прими 80.000 гледачи и се реновира за Олимписките игри следната година.

Тоа ќе биде евроквалификацискиот натпревар против Гибралтар на 16. ноември. Почетокот на работите на „Стад де Франс“ се планирани за декември.

„Паркот на принцовите“ последен пат беше домаќин на натпревар на француската фудбалска репрезентација во ноември 2021 година против Казахстан (8-0), во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Се вчитува...